Општина Охрид: Ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина
Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината самата седница, денес од Локалната самоуправа, пристигна соопштение во кое се вели:
ДА СЕ ПРЕРЕГИСТРИРААТ ПОСТОЕЧКИТЕ КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности , сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
Подгответе се за „Аудиција“
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со Театар – “СОЛЗА И СМЕА” од Битола Ве поканува на урнебесната комедија „Аудиција“ во САБОТА 07.05.2016 година, почеток 20:00 часот, влез 120 денари.
Oбележани површините за поставување на урбана опрема
Надлежните служби на Локалната самоуправа, во дел од централното градско подрачје ги обележаа површините за поставување на урбана опрема.
Пред денешниот самит на ЕУ сите очи вперени кон Турција
Дали Турција ќе ги прифати условите од ЕУ за запирање на мигрантската криза?
Веќе се знае каде ќе се истоваруваат туристи, а каде ќе се паркираат автобусите со туристи во Охрид
Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска Универзитет Апостол Павле, додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала “Билјанини Извори”.
Заев: “Се враќаме во парламент само кога Груевски ќе си поднесе оставка”
Пропаднале договорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел
Општина Струга ќе ги „чешла“ станоиздавачите од мал обем
Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.
Струга доби бизнис центар за поддршка на малите и средни претпријатија
Започнува со работа Бизнис центарот во Струга, кој ќе функционира во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.