Илјадници евра најдени во Дунав
Пари кои пловеле по површината на реката поттикнале момче да скокне по нив
Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот
Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, новогодишни реквизити ќе се постават на улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска. Украсувањето треба да заврши во првата половина на месец декември.
Во Охрид регионална конференција за полициската обука
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.
Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид
Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид . Загрижува негативната стапка на природниот прираст. Охрид во земјава има најниска стапака на наталитет, а највисока стапка на морталитет.
Отворен ден во ФЗО, Струга
Стружани во подрачната единица на ФЗО остварија средба со директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Подрачната единица во Струга е една од ретките во земјава за која што имавме можност да ги слушнеме најпозитивните коментари за работата, од страна на граѓаните, истакна Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот.
Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид
Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид. Корените се во традицијата и во влошената економска состојба. Женскиот центар Бисера со средношколците од „ Ванчо Питошески“ одржаа предавање како да го препознаат и да пријават семејното насилство.
Боксерот Агрон Џила, продолжува со светските успеси
„Секоја победа во рингот е мој поттик и движечка сила која ме води до мојот следен успех“, вели младиот професионален боксер од Струга, Агрон Џила.
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во локал на ул. „15 корпус“
На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид.
Продолжуваат вандалските чинови во Охрид, сега на мета е урбаната опрема
Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.