Апр 17, 2026
Вевчани реализира проекти со владина помош колку 2,5 општински буџети
За инвестиции во инфраструктира опрема и енергетска ефикасност општината со скромен буџет од 10 милиони денари доби дополнително пари во висина од дополнителни 2.5 буџети- помош од државата.
Апр 17, 2026
„Фер ангажман“- нови можности за сезонска и повремена работа, Законот за работно ангажирање на лица презентиран пред охриѓани
Во Општина Охрид денеска се одржа инфо сесија на тема „Фер ангажман“, на која пред претставници од бизнис секторот, особено од хотелско-угостителската дејност, беше презентирано новото законско решение за работно ангажирање на лица.
Апр 17, 2026
Стартуваше 52-от општински натпревар по прва помош
Почетокот го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 200 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца.
Апр 17, 2026
Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.
Апр 17, 2026
православен календар
Денес е Источен или „Светол“ петок – Балаклија
Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.
Апр 17, 2026
УХМР
Променливо облачно со сончеви периоди
Минималните температури денес во Охрид од 9, а максималните до 20 степени Целзиусови.
Апр 16, 2026
министерство за здравство
Нови програми за специјализации и супспецијализации: Општа хирургија и интерна медицина ќе траат по пет години
Нови програми за специјализации и супспецијализации за унапредување на системот на здравствена заштита
Апр 16, 2026
Отворен литературен конкурс „Од срце за Миладиновци“ по повод 165 години од Зборникот
Во чест на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци, а со цел одбележување на нивното културно и историско значење, овој конкурс има за цел создавање литературни творби посветени на нивниот живот, дело и придонес кон македонската преродба и духовна историја.







