Skip to main content
Фев 13, 2025
Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри.

Фев 13, 2025
Денес го славиме споменот на бесребреници маченици Кир и Јован и со нив маченичките Атанасија и нејзините ќерки: Теоктиста, Теодотија, и Евдоксија. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.

Фев 13, 2025
УХМР
Минималните температури од -1, а максималните до 5 степени.

Фев 12, 2025
општина охрид
Општина Охрид распиша Јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар – Охрид.

Фев 12, 2025
100 000 вредни археолошки предмети откриени во над двеста и педесет археолошки наоѓалишта во Охрид и околината поседува Заводот за заштита на спомениците и Музеј Охрид. Најголем дел од нив се чуваат во депоата на установата, далеку од очите на јавноста, бидејќи нема соодветен простор каде да се изложат. Од охридскиот Завод и Музеј сметаат дека на градот му е потребен современ историски музеј каде ќе биде презентирано богатото материјално културно наследство од охридскиот регион.

Фев 12, 2025
мвр
Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога – марихуана.

Фев 12, 2025
Магна Мирорс како општествено одговорна компанија со поддршка за Вестите прилагодени за глуви и наглуви лица на ТВМ Телевизија.

Фев 12, 2025
Државeн завод за статистика
Шест одобренија за градење се издадени во општина Охрид во декември минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во Струга, Дебрца и Вевчани општината не издала ниту едно.

Фев 12, 2025
Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти од потпрограмата АА за 2025 година со вкупен износ за средства до 15 милијарди денари. Повикот е објавен на веб страната на Владата и на Министерството за локална самоуправа.