Истекува рокот за исплата на бруто платите
Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги 10 (десет) за потребите на Новогодишниот Базар.
Уапсен Хашим Кандил поранешниот премиер на Египед
Египетската полиција го уапси поранешниот премиер Хашим Кандил, поради тоа што судот во април го осуди на една година затворска казна поради не извршување на одлуката за национализација на приватните компании.
Фармерите очекуваат исплата на долгот
Исплата на долгот кон фармерите, се очекува денеска да започне Американско-израелската компанија „Феникс енерџи“, која е нов сопственик на „Сведмилк Македонија“.
Битиќи : Владата ќе продолжи и понатаму да ги поддржува успешните домашни компании
Ова го порача денеска од Охрид вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој оствари средби со менаџерите на неколку компании од градот.
1 и 2 јануари неработни денови
Владата на РМ на 112 седница која што се одржа вчера, донесе одлука 1 и 2 јануари да бидат неработни денови за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.
Ќе преживее ли човештвото?
Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“.
Македонските граѓани најмногу стравуваат од глобалната економска криза
Последното истражување на јавното мислење во Македонија направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека најголема грижа за македонските граѓани претставува економската состојба предизвикана од глобалната криза.