Авг 11, 2025
Пештанец доби кривична затоа што отстранил службена лента и продолжил бесправно да гради
Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид.
Авг 11, 2025
Од полноќ поевтинуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека од вечерва, со почеток од полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати.
Авг 11, 2025
Поети, музичари и уметници од шест држави ќе учествуваат на 37. Поетска ноќ во Велестово
Програмата ќе започне во петок, на 15-ти август 2025 година, во 21:00 часот во селото Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски.
Авг 9, 2025
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври
Денот на гласање во првиот круг ќе биде 19 октомври 2025, додека вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.
Авг 9, 2025
Охриѓанец со 1,86 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка кај Ростуше
По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Авг 9, 2025
Mашкиот хор „Свети Серафим Саровски“ ја воодушеви публиката на „Охридско лето“
Овации за ангелските гласови од српскиот хор „Свети Серафим Саровски“ на Охридско лето.
Авг 9, 2025
Светлана Мојсов добитник на наградата за хуманизам за 2025год
Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД.
Авг 9, 2025
Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон.