Skip to main content
Фев 28, 2025
општина охрид
Со свечен настан што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов, денес Општина Охрид ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев, познат македонски револуционер, публицист, новинар, идеолог и учител.

Фев 28, 2025
Охриѓани дишат најзагаден воздух во државата и неопходно е креирање мерки соодветни на состојбата и нивно доследно спроведување, кажа советничката од СДСМ Живка Ангелоска на денешната седница на Совет на која се разгледуваше извештајот за реализацијата на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Ангелоска повика да не се усвојува Извештајот, не од политички причини, туку во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Од Одделението за животна средина кажаа дека мерките се креирани во соработка со Министерството за животна средина и се скоро исти за сите општини во државата.

Фев 28, 2025
Општината има намера истиот да го смести во деловен простор кој ќе го купи во извршна постапка. Поради неможност за наплата на побарување од должник, општината ќе се стекне со имот чија купопродажната цена пола ќе ја плати а пола ќе ја пребие од побарувањето. Ова е прв случај единица на локлана самоуправа да купува деловен простор врз основ од законот за извршување.

Фев 28, 2025
општина охрид
Јвната дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик ќе се одржи во среда (5ти март) почнеток 12 часот и 30 минути во мала сала на Општина Охрид.

Фев 28, 2025
општина охрид
Финансирањето на избраните предлог идеи-пеоекти ќе се врши преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Охрид за 2025 година.

Фев 28, 2025
СВР Охрид
Во ОВР Струга пријавено дека е ограбена црквата „Св. Јован Владимир“ во Подгорци.

Фев 28, 2025
СВР Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Фев 28, 2025
ШК Ласкер Охрид
На Пионерската лига ќе учествуваат 6 екипи од ООУ „Братство Единство“ Охрид, ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец, ООУ „Григор Прличев“ Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани и ООУ „Живко Чинго“ Велгошти.

Фев 28, 2025
Поради зголемениот интерес на театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ денес повторно на репертоарот.