Skip to main content
Јан 5, 2012

На прв поглед книгата „Спортски повреди“, се добива впечаток дека истата е стручна литература наменета за докторите, специјализантите, докторите по спортска медицина, докторите од областа на ортопедијата, трауматологијата, физиотерапијата…. . Спротивно на ова книгата на Бојчески е повеќе од добредојдена за тренерите, спортистите, наставниците и сите останати кои се занимаваат со спорт.


Јан 4, 2012

Со рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов.


Фев 22, 2011

Шпанскиот гигант Реал Мадрид вечерва му гостува на Лион во осминафиналниот натпревар од ЛШ, минатогодишниот „крвник“ на кралевите кои оваа година го имаат Жозе Мурињо.


Јан 14, 2022

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна.


Јан 4, 2012

Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.


Јан 5, 2018

Одржана четвртата годишна ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година во организација на интернет порталот OhridNews. Во годишната ревија на настани хронолошки се поместени над 10 000 најзначјните збиднувања во Охрид во 2017 година. На најуспешните им беа доделени и награди.


Јан 4, 2012

Намалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.


Сеп 3, 2021

Центарот за управување со кризи утринава информира дека сеуште е активен пожарот на Галичица.


Дек 31, 2011

400 новогодишни пакетчиња за децата од социјалната категорија. Денес охридските советници, на оваа ранлива група, ја честитаа Новата година во општинската сала. Задоволни сите заминаа со полни а некои и со преполни раце новогодишни пакетчиња.