Сеп 17, 2011
Кошаркарска треска во Охрид
„Шансите за медал сеуште се тука, охриѓани веруваат во нашите најдобри момчиња и се надеваат на бронзата. Градскиот плоштад и кафулињата претесни да ги соберат сите вљубеници во кошарката кои попладнево го следеа историскиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Шпанија.
Сеп 16, 2011
Старите занаети полека тонат во заборав
Некогашниот препознатлив изглед на чаршиите во Охрид, Битола, Скопје, забрзано избледува. Како давеник за сламка, се прават обиди да се возобноват овие занаети, иако засега со мал успех.
Ное 6, 2010
Младите струшки шахисти треба да се докажат
Седум шаховски школи од Македонија во Струга. Тие ќе ја отпочнат јуниорската лига во натпреварување по шах.
Дек 6, 2021
Расте бројот на жртви од ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија
Бројот на жртви од ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава во Индонезија се искачи на 15, а 27 лице сè уште се водат како исчезнати.
Сеп 16, 2011
Учете во Австралија
Агенцијата „Бриџ Блу“преку своето претставништво од Скопје, нуди професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија.
Ное 10, 2017
Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение
На Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Од таму објаснуваат дека и од НУ Завод и музеј за заштита на спомениците побарале да се стопираат градежните работи на џамијата. Но ова барање никој не го испочитувал.
Сеп 16, 2011
Младите фудбалери на ФШ „Фер плеј“ од Сарево се вратија со сребро
20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“ во Сараево.
Авг 31, 2021
Пожарот на Галичица сеуште активен
Општина Охрид внимателно ја следи состојбата со шумскиот пожар на планината “Галичица” кој е активен на потег во рамки на националниот парк. Пожарот, во текот на вчерашниот ден од територија на Албанија, каде што беше регистрирано почетното жариште, ја зафати шумата и на територија на Македонија.
Сеп 15, 2011
Охридските алпинисти на Доломитите
„Ситуациите кои го предизвикуваат интелектот на човекот се оние кои не прават да почуствуваме дека сме живи“, велат алипнистите од охридскиот клуб Патагонија.