Дек 5, 2024
Зелени иницијативи на ТАВ аеродроми: Вработени на охридскиот аеродром засадија дрва покрај Охридското Езеро
Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија и засадени покрај Охридското Езеро од страна на волонтери-вработени на охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.
Дек 5, 2024
Пад на Владата на Франција, се очекува францускиот премиер да си поднесе оставка
Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари.
Дек 5, 2024
Охрид се подготвува за новогодишните празнувања
Како и секоја година, и годинава охриѓани, но и бројните гости ќе имаат можност Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад. Во моментов се доработува програмата која ќе биде за сечиј вкус и за сите возрасти, велат од Општина Охрид. Интересот за дочек на најлудата ноќ во Охрид е голем што ветува полни хотели.
Дек 5, 2024
ООУ „Св. Климент Охридски“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Свечената програма започнува во 19 часот во НУЦК „Григор Прличев“.
Дек 5, 2024
Следува продолжен викенд, понеделник е неработен ден за сите граѓани
Согласно со Законот за празниците, 8 декември, денот на Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
Дек 5, 2024
црвен крст – охрид
Се одбележува Светскиот ден на волонтерството
Денес, 5-ти декември, Црвен крст Охрид со голема гордост и почит го одбележува Светскиот ден на волонтерството и упатуваат признание и благодарност до секој волонтер за посветеноста и придонесот за подобрување на животот во заедницата и општеството во целина.
Дек 5, 2024
општина охрид
Промовирана „Охридска археолошка азбука“
Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што вчера се промовираше во големта општинска сала.
Дек 5, 2024
Во вторник предновогодишен германски базар на учениците од основните и средните училишта во Охрид
Во вторник 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот пред споменикот на Св. Климент Охридски ќе се одржи традиционален предновогодишен германски базар.
Дек 5, 2024
Денес ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“
Денес, 5-ти декември во Касарна Хаб во Охрид со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.