ОХРИД ДЕЛ ОД ТВ МАГАЗИНОТ „ПО ПАТОТ НА СВИЛАТА: ПРИЈАТЕЛСТВО“
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.
100.000 кондоми за учесниците на ЗОИ во Сочи
Организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи не препуштаат ништо на случајот, па во трите олимписки села поделиле околу 100.000 кондоми за околу 2.900 натпреварувачи.
Нова порака на Осама бин Ладен до Американците
Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен го предупреди денеска во аудио порака американскиот народ на блиски врски на Владата на САД со Израел оценувајќи дека претседателот Барак Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан.
Доделени хуманитарни пакети за охриѓани во социјален ризик
Општинската организација на Црвен крст ја одбележува „Неделата на борба против гладот“. Во Охрид за среќа нема зголемување на бројот на семејства кои се на работ на сиромаштијата, информираат од Општинската организација на Црвен крст.
Адеми: Претставниците на УНЕСКО изразија задоволство од напредокот
Дел од препораките се исполнети а на оние за кои е потребно подолго време за инплементација се работи. Разликата е што сега и ние и УНЕСКО сме на иста страна, кажа министерот Едмонд Адеми. Тој како претседател на националната комисија за УНЕСКО синоќа во Охрид оствари средба со мониторинг мисијата на оваа светска организација. На средбата бил констатиран напредокот во одредени сегменти од исполнувањето на препораките и она што треба македонските власти да го сработат во идниот период со цел Охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја.
Анте Готовина ќе биде кандидиран за претседател на Хрватска
Невладината организација Хрватско културно движење ќе ја објави кандидатурата за претседател на Хрватска на генералот Анте Готовина, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, извршени врз Срби за време на операцијата „Бура“.
Атрактивниот локалитет Корита на Галичица и оваа зима е без посетители
Патот преку Галичица до Преспа со години има забрана за употреба во зимски услови. ЈП Државни патишта и оваа сезона нема предвидено во програмата за работа зимско одржување на патот. Патот е важен за НП па минатата година самостојно ангажирале фирма и со сопствени средства го исчистиле патот од израснати гранки и дрвја.