Skip to main content
Јан 30, 2017

Испустот на вода од Охридското Езеро од денеска ЕЛЕМ ќе го сведе на биолошки минимум. Ова доаѓа откако целата јавност, експерти и еколози алармираа за драстичното повлекување на водата во езерото и последиците од тоа врз живиот свет. Иако сите ги повикуваа ЕЛЕМ под итно да го намалат идспустот на езерото кај Црн Дрим, од таму тврдеа дека не го надминуваат законскиот минимум. Но најновите мерења на УХМР дека нивото отишло и под дозволениот минимум, ги примора да преземат мерки.


Окт 19, 2009

Остеопорозата како заболување зема се поголем замав.


Јун 24, 2015

Опцијата на повлекување на e-mail откако е испратен е официјално достапна за сите


Окт 19, 2009

Три месеци не функионира општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.


Јан 30, 2017

-11 сантимерти под дозволеното е нивото на водата во езерото. Екипи од хидролози од Управата за хидро метеоролошки работи на Македонија денес вршеа мерење и утврдија дека состојбата е загрижувачка. Сега ЕЛЕМ е на потег кој треба да го затвори испустот кај Струга за да може нивото на езерото да дојде до оној реално дозволен минимум, велат од УХМР.


Окт 19, 2009

„Две и пол години во секторот за внатрешни работи се затаени моите документи“, се жали нашиот сограѓанин Ацо Климоски.


Дек 9, 2013

Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква.


Окт 17, 2009

Во катердалната црква св. Софија, се одржа помен за жртвите во бродската несреќа.


Јан 30, 2017

Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга.

Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим  кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа  Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото.  Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот  на установата, д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде со деструктивен ефект врз живиот свет во езерото.

„ Најголемо негативно влијание би имало во литоралната крајбрежна зона на езерото, која претставува живеалиште за голем број ендемични растителни и животински видови.  Со тоа што големиот дел од крајбрежјето останува без вода подолг период , би дошло до нарушување на природната биолошка рамнотежа и би се загрозил опстанокот на одредени животински и растителни организми“, истакна Велјаноска Сарафилоска.

Од Хидробилошки завод напоменуваат дека не е прв пат да упатуваат реакции до ЕЛЕМ, се случувало и порано да се намали водостојот на езерото.Треба да сфатиме дека Охридското езеро не е акумулација туку природен уникатен систем од светско значење кое го привлекува вниманието не само на домашната туку и на светската научна јавност. Од Хидрбиолошки сметаат дека реакцијата до ЕЛЕМ не е задоцнета.

„ Ние го пративме мината недела апелот со  надеж  дека свеста ќе проработи  и се ќе се врати во нормален тек, ќе се затворат портите и ќе се намали истекот на водата од Охридското езеро. Сепак, не може да зборуваме за закаснети реакции  мора да сме свесни дека и во овој  момент ако  се затворат портите и се намали испустот на водата нема да е закаснета реакцијата“, нагласува   д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска директор  Хидробиолошки завод.

Од Хидробиолошки завод нагласуваат дека во овој момент  неопходно е ЕЛЕМ да преземе чекори. Мора да се намали  истекот на водата и да се зачува Охридското езеро како уникатен еко систем.