Skip to main content
Мај 22, 2009

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, отворајќи го утрово 23. самит Русија-ЕУ во градот Хабаровск, изјави дека на овој голем собир ќе се разговара за економската криза, соработката во областа на енергетиката и европската безбедносна архитектура.


Ное 21, 2019

Ова го посочија бизнисмени на денешната средба со претставници на  Националната комисија за УНЕСКО и Министерството за животна средина и просторно планирање. Дел од забелешките беа дека моменталните состојби  во сферата на урбанизмот во Охрисдкиот регион ги одвраќаат инвеститорите, а беше побарано изградбата на станбени згради и хотели да не се третира исто. Работната средба беше во насока на консултации со сите засегнати страни во процесот на носење на планот за  управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.


Јан 31, 2014

Британскиот тенисер Енди Мареј кој овој викенд ќе го предводи националниот тим во натпревар од Дејвис купот против САД во Сан Диего одговараше на прашањата на своите фанови на друштвената мрежа Твитер.


Мај 21, 2009

Најмалку 35 лица загинаа денеска, а 72 се ранети во експлозија на автомобил-бомба во квартот Шула во северозападен Багдад, соопшти ирачката полиција.


Окт 17, 2021

За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови. Оние што нема да бидат избрани денеска ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна. 


Ное 21, 2019

Денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата. Toa е во рамките на новиот концепт за граѓанско образование. Учениците преку пароли, пишани и ликовни творби покажаа што значи демократија и колку се почитуваат правата на децата.


Мај 21, 2009

Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро.


Окт 6, 2021

Македонскиот режисер Милчо Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. Освен проекцијата на „Врба“, Манчевски ќе има и разговор со публиката на Балканскиот филмски фестивал. Тој во интервју за престижниот италијански весник „Кориере дела сера“ на новинарското прашање дали денеска има потреба од мост, можеби метафоричен, кој го поврзува Балканот изјави дека „Никогаш не е многу од мостови на Балканот“.