Skip to main content
Фев 14, 2015

Нова закана од извршител за станарите од „Карпош Војвода“

Продолжува голготата на 5 те охридски семејства на кои има се заканува одземање на становите заради должничко доверителски односи меѓу Трудбеник како продавач на станбен простор и Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р. Македонија. Единствено решение е Трудбеник да си ги подмири сметките, категоричен е директорот на Агенцијата, Цветко Грозданов.


Фев 13, 2015

Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Иако од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување тврдеа дека четири приватни здравствени установи во Охрид по фондовски цени и со упат од матичен ги прават овие анализи вистината е малку поинаква.


Ное 9, 2014

Тежок удар за Исламската држава

Мета на воздушните напади лидерите на Исламската држава


Фев 13, 2015

Со кариерен центар, ќе се откриваат афинитетите на средношколците од ЕМУЦ

Целта е правилно насочување во  професионалната определба на учениците. Формиран е и тим кој ќе работи со учениците, а во моментот се подготвува и опремува просторијата посебно одредена за овој кариерен центар.


Ное 24, 2011

Николас Кејџ на корици на српски учебник по биологија

Еден корисник на “Твитер“ на својот профил ставил слика од учебник по биологија за осмо одделение, на чии корици се наоѓа фотографија од холивудскиот актер Николас Кејџ.


Фев 13, 2015

До Корита не се стигнува

Убавините на Галичица во зимскиот период недостапни за граѓаните. Иако беше ветено дека патот до Корита, познатото излетничко место на оваа планинска убавица ќе се одржува и зимава, охриѓани кои деновиве се упатиле таму имале непријатно искуство. Патот е речиси непрооден. Од Македонија пат кажуваат дека имале други приоритети па не стигнале да го исчистат овој патен правец.


Јун 2, 2011

Пристигнуваат набљудувачите на изборите

Четириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.


Фев 13, 2015

Лебедот со скршено крило заглави во институционалните лавиринти

И после еден месец од алармирањето за состојбата на лебедот со скршено крило никој не се најде надлежен за да помогне оваа ретка птица да се спаси. Уште еднаш на површина излегоа пропустите на институциите кои не знаат што се нивните ингеренции.

Лебедот со скршено крило сеуште никој не го згрижи. За повредениот лебед  Телевизија ТВМ пишуваше уште пред еден месец, но надлежните сеуште се прават слепи и глуви. Информирано е Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа, еколошките друштва, но никој не превзема ништо, велат од „Анималија“, Здружение за заштита на животните. лебед

Ние сега како невладина организација не знаеме како да постапиме. Се прашуваме кој е следниот чекор кој треба да го превземеме бидејќи совеста не ни дозволува лебедот да го оставиме да угине. Дали и сега треба да превземеме активности на своја рака како што тоа бевме приморани да го направиме пред две години кога имаше ваков сличен случај или да чекаме институциите да се договорат кој е надлежен, а што може да биде многу касно и лебедот да угине, вели претседателот на НВО Анималија, Климент Арнаудов.

lebediСашо Секулоски, портпарол на Министерството за екологија, во телефонски разговор ни кажа дека иако за решавање на овој случај многумина прстот го вперија во нив,  министерството нема никакви законски надлежности за да постапи. Тој посочи дека Секторот за заштита на животната средина при ЛС е тој кој треба да го реши овој проблем.

Општина Охрид треба да организира заловување на лебедот за што би издала налог на ветеринарна служба која треба стручно да го истретира лебедот и потоа повторно да се врати во езерото. Бидејќи Ох. Езеро се наоѓа на територија на Општина Охрид таа треба да го реши случајот, дециден е Секулоски.

Секулоски додава дека и покрај тоа што немаат директна надлежност за решавање на овој проблем сепак не сакале да го остават на случајност. Преку Дејан Паноски кој е нивни преставник во канцеларијата за заштита на Ох езеро стапиле во контакт со секторот за екологија при Локалната самоуправа. Го запрашавме Паноски што од таму му било кажано, а тој ни рече дека ги запознал вработените во овој сектор со целокупната ситуација со повредениот лебед. Од Локалната самоуправа велат дека не се надлежни за лебедите и дека не можат да постапат.

И повторно се се врти во круг. Додека институциите не знаат кои им се надлежностите и се вадат едни на други, повредениот лебед по се изгледа ќе угине.

{loadposition content9}


Мај 4, 2010

Проблем во Струга, нова преливна шахта

Не престанува човечкото злосторство кон животната средина, обвинија денес струшките екологисти, Со изградбата на дополнителна шахта од страна на МЈП „Проаква“, тие сметаат дека во опасност се доведува еко системот на реката Црн Дрим.