ФИНИШИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „АБАС ЕМИН“
Финишираат градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Абас Емин“. Денеска се поставува првиот асфалтен слој на целиот потег на коловозот до крстосницата со улица „Железничка“, каде што комплетно беа завршени градежните активности за поставување на подземната инфраструктура.
Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“
Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.
Во петок, сабота и недела во Охрид дезинсекција против комарци
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Охрид, во петок, сабота и недела (10, 11 и 12 – ти јуни) ќе спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци.
Се продава една од најголемите колекции на Swatch
Меѓу нив се наоѓаат и ограничени изданија со потписи
Денес последен предупредувачки штрајк на Синдикатот на УПОЗ
И покрај ветувањето на Министерот за правда за работна редба со Синдикатот на УПОЗ истата не се оствари, велат од синдикатот.
Забранетото е најслатко
Сочно-еротската содржина на „50 нијанси на сива“ е заслужна за местото кое го доби на листата на забранети дела која редовно ја составува Американското здружение на библиотекари.
Утре во Охрид доаѓа првата група туристи од Израел
Утре четврток (9 јуни 2016) во 17:30 часот , на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнува првата група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“.
Македонија земја на гостопримството
Светскиот економски форум, во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи.
Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта
До наесен треба да завршат сите зафати на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Интензивно се работи на конаците, а се интервенираше и на камбанаријата и на фрескоживописот во црквата. Се се прави со пари добиени од американската амбасада.