Традиционалната крводарителска акција за празникот Св. Климент
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 ч.
НОВИ ЛОКАЦИИ СО БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ВО ОХРИД
Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.
Интерпелацијата на претседателот Иванов влегува во собраниска процедура
Нешто повеќе од 50 пратеници ја потпишале иницијатива на пратениците на опозициската СДСМ за утврдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов по донесување на одлуката за општа аболиција со која помилува 56 лица меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешни министри за кои се водат постапки во Специјалното јавно обвинителство и во судовите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политички претставници.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид обвини за противзаконски вработувања
Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
Snapchat воведе бесплатни повици
Snapchat во најновиот апдејт доби неколку поприлично интересни опции
ЈП „Охридски комуналец“ ги раскина договорите со фирмата НЕФИ ИК
Ова доаѓа по мислењето и препораката до Општина Охрид од Антикорупциска дека советник не може да добива тендери од општината и јавните претпријатија поради судир на интереси.
Преговорите во ќорсокак!
По 12 часа преговори Груевски и Заев не успеаја да ги приближат ставовите.
За спасителите на плажа полни раце работа
И ова лето за спасителите на плажа полни раце работа. Само досега имале над дваесет интервенции за спасување на давеници. Бројот пак на укажана прва помош на капалиштата е мнопгу поголем. Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да посетуваат плажи кои се безбедни.