Општината повторно ќе го плати долгот за струја на ОУ „Григор Прличев“
Охридските советници изгласаа уште една одлука за плаќање на долгот на основното училиште Григор Прличев кон ЕВН. И покрај зеленото светло кое го доби одлуката, советниците од опозицијата реагираа дека со ова само се третираат последиците од проблемот, а не се изнаоѓа трајно решение на истиот. Секретарот на општината пак, Димитар Спасески со уверување дека локалната работи максимално посветено на трајно решение на проблемот.
Автобуски постојки по светски терк
Охрид ќе аплицира за учество во четири меѓународни проекти
Локалната самоуправа ќе аплицира за четири проекти преку програмите за прекугранична соработка со Грција. Денес истите добија зелено светло од советот на општината, а се однесуваат на водени еко тематски менаџмент активности, историска мрежа на златни спортски медали, интеррегионално управување со културното наследство преку електронски систем како и здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција. Иако истите беа поддржани како позитивни, опозицијата не ги прифати бидејќи според нив не може да гласаат проекти за кои немаат никакви информации.
Ќе се продава ли името на Стемфорд Бриџ?
Познати добитниците на стипендии за лица со посебни потреби и ретки болести
По претходно распишан конкурс, Општина Охрид доделува ученички, студентски, како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Р. Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид.
Олимписки ден во Охрид
Да се биде олимпиец, е посебно чувство, учеството во Олимпијада е врвот во кариерата на еден спортист, вели младата охриѓанка Нина Балабан која е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Таа денеска учествуваше на прекрасно организиран Олимписки ден кој го приредија Асоцијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“, Македонскиот олимписки комитет и основното училиште „Христо Узунов“.
ПРОМОВИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА
Начинот на аплицирање на активниот Јавен повик од мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 година, беше главната тема на информативно-едукативниот настан, кој во организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа во Општина Охрид.
Основците од Велгошти и Лескоец во посета на спортски терени
Спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“, исполенти со деца. Учениците од трето и четврто оддделение од ОУ од Велгошти и Лескоец имаа можност да ги разгледаат сите спортски терени и објекти со кои располага ЈП. Нивните импресии се големи, некои од нив прв пат стапнаа на вештачка трева, а некои пак веќе имале можност да погледнат како изгледаат спортски терени надвор од нашата земја.
Охридскиот градоначалник и холандскиот амбасадор во земјава упатија порака до политичарите во Скопје
Охридскиот градоначалник и холандскиот амбасадор во земјава упатија порака до политичарите во Скопје.