Skip to main content
Дек 12, 2014

Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар

И вториот тендер за изградба на модерен затворен градски пазар по пат на ЈПП неуспешен. И покрај поповолните услови во  корист на приватникот очигледно никој инвеститор не е заинтересиран да влегува во партнерски односи со задолжената општина.


Мар 17, 2011

Казни до 1.000 евра за фирмите без имејл

Казни од 500 до 1.000 евра ќе заработат фирмите што до 1 април годинава нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар.


Дек 12, 2014

Со автентични производи до поголема туристичка понуда

Денес охриѓани можеа да ги видат финалните резултата од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Рачно изработениот накит од бисер и филигран, сувенирите од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар ќе бидат дел од збогатената туристичка понуда во градов.


Апр 2, 2010

Алкохолот се поприсутен и подостапен за младите

Пороците демнат на сите страна. Алкохолот се повеќе меѓу младите. Прекумерното користење на алкохол по себе повлекува и други негативни последици. Посебно загрижува што женската популација е на тапет и тоа на се помала возрасна граница, вели Драгица Павлеска Попеска од НО „Езерка“.


Дек 12, 2014

Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово.


Апр 18, 2009

Празничен прволигашки фудбал

Велигденскиот празник е причината поради која натпреварите од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, наместо (вообичаено) в недела, да се одиграат ден порано, во сабота (18 април) со почеток од 16:00 часот.


Јун 4, 2021

19-годишно лице без дозвола се движело за време на полициски час

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид кое без дозвола се движело за време на полициски час.


Дек 12, 2014

Деветти натпревар за добивање стипендија за англиски јазик во „Јахја Кемал“

По деветти пат и годинава, приватното средно училите „Јахја Кемал“организира натпревар за стипендија за изучување англиски јазик.


Дек 12, 2014

Последна акција на „Kомуналец“ за собирање зелен отпад

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од У.З.14 „Радојца Новичиќ“.