Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија
Советниците уште еднаш дадоа зелено светло за општината да му го покрие долгот на ОУ „Григор Прличев“ кој го има кон ЕВН Македонија. Причина за долгот е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Советниците од опозицијата побараа градоначалникот како што вети трајно да го реши овој проблем, а не да се носат вакви времени решенија. Секретарот на општината објасни дека интензивно се работи на тоа.
Се извлекоа само со опомена
Крег Белами од Сити и Гери Невил од Манчестер Јунајтед сепак нема да бидат суспендирани од англиската ФА туку тие само ќе бидат опоменти.
Зголемени цените на угостителските услуги
Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид.
Концерт на Стојан Димов и Дино Имери на „Охридско лето“
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе организира концерт за кларинет и пијано. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, кларинетистот Стојан Димов и пијанистот Дино Имери.
Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника
Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника.
Атрактивните куќи на Мегдани во населбата Рача лежат на септички јами
Атрактивните куќи на Мегдани во населбата Рача лежат на септички јами.
Десет големи банки под истрага
Банки местеле цени на племенити метали
ЗМАИ: Домашните фирми да добијат поволности како странските
Доколку државата би им го наплаќала данокот на добивка и персоналниот данок на странските директни инвестиции во технолошко индустриските развојни зони, би остварила 26 милиони евра на годишно ниво, покажуваат податоците од истражувањата на Здружението млади аналитичари и истражувачи.