Skip to main content
Сеп 16, 2014

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември.

Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската градинка. Само една од овие  синдикални  организации и тоа од образовнието дала согласност за штрајкот.  

Охридскиот регионален Сонк негира дека во недавањето поддршка за штрајк  има политичка позадина. Според нив членовите на синдикалната организација се незадоволни од барањата на СОНК кои ќе се достават до министерството за образование, наука и култура. Сметаат дека барањата за штрајк се многу општи и непрецизни.  
sonkСо ваквата одлука на Регионалниот Сонк од Охрид не се согласува СОНК. Претседателот на , Неделков нагласува дека без разлика на одлуката на синдикалните организации на регионалниот одбор  според Статутот генералниот штрајк важи и за охридските синдикалци. Над 80 проценти од членството на Сoветот на СОНК  се  изјаснаа за генерален штрајк, а тоа што охридскиот одбор не изгласал поддршка не значи и дека нема да биде во штрајк, вели Неделков.

„Тоа значи дека одлуката што Советот на СОНК ја донесе е обврзувачка и важи до сите наши членови без разлика како се изјасниле. Согласно Статутот на СОНК одлуката мора да се почитува во спротивно се крши статутот и заради тоа ќе има соодветни казни.“
 
Неделков  се произнесе и во врска со тврдењата на дел од охридските членови на СОНК во однос на  барањата кои ќе ги достават до МОН. Тоа е одбранбен механизам и  се работи за сосема нешто друго, смета Неделков.
sonk
„ Овде станува збор за чиста политика и притисок врз синдикалното членство кое јавно не може  да го каже заради свои сопствени лични причини и мора да се измислат изговори и одговори за да се забошоти вистината. Нашите барања се транспарентни, јасни и истакнати во јавноста, на нашата веб страна , и не се согласуваме дека не се јасни тоа се прашања со кои членството секојдневно регира до раководството“, укажува Неделков.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели барањата поврзани со проблемите не се измислени туку реални. За нив јавно се расправало на синдикалните состаноци и не верува  дека постои синдикален член кој не сака да бидат надминати, додава Неделков.  Тој  ги набројува проблемите кои ги мачат синдикалците  како што се преголемите обврски и преоптовареност на наставниците и професорите,  екстерното тестирање пропратено со ригорозни казни  или зголемувањето на платите, за кои ќе бараат од МОН да бидат надминати. Неколку години досега се обидувавме по  пат на социјален дијалог да ги решиме, но без упсех. Сега сме принудени да ги примениме дозволените синдикални средства  како што е штрајкот, објаснува Неделков. Додава дека  очекува на 29 -ти септември, доколку не се случи нешто драстично, штрајкот да успее.

{loadposition content9}
 
  

 


Сеп 25, 2014

Батерија со поголем век на траење од цврстите батерии

Направен е прототип на течна батерија која би била поефтина за масовна употреба


Сеп 16, 2014

Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите

Родители на основци реагираат дека продолжениот престој во дел од основните училишта во градов не започнува со почетокот на школската година. Тоа им создава проблеми бидејќи во текот на неколку недели треба да изнаоѓаат разни начини како да ги згрижат децата додека и двајцата родители се на работа.


Сеп 16, 2014

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Центарот за јавно здравје ќе започне со реализација на процесот на системска дератизација на градот.


Авг 26, 2011

Најскапите чаеви на светот

Чајот е неверојатно популарен пијалак на сите 4 страни на светот. Го зазема второто место, веднаш зад незаменливото кафе. Асортиманот е огромен, но најчесто се консумираат белиот чај, зелениот чај, улонг, црниот чај и ројбос.


Сеп 16, 2014

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Конечно ќе се уреди вечното почивалиште на заслужната докторка Елена Каваева. Старателството на нејзиното гробно место, со одлука на Совет го презеде Локалната самоуправа на Охрид, додека пак спомен обележјето, односно поставување на плоча со посвета и одржување на истото е на терет на ЈП „Градски Гробишта.“


Ное 29, 2010

И Македонија во документите на Викиликс

Друцас побара САД да го запре објавувањето на тајните документи за македонско-грчките односи.   


Сеп 15, 2014

Убавините на Охрид презентирани во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија

Секторот за ТЛЕР со промотивни активности во Визмар, Германија.


Фев 8, 2010

СВР Охрид го расплеткува случајот со кражбата на икони

25 икони пронајдени во четири јутени вреќи во близина на македонско – албанската граница.