Skip to main content
Јан 6, 2016

250 дечиња денес тргнаа на Бадникова поворка пеејќи и најавувајќи го Христовото раѓање. Поворката беше пречекана на градскиот плоштад и беше дарувана со подароци кои ги обезбедија Локалната самоуправа, компании и верници.


Фев 18, 2011

Околу 200 000 евра се планирани за доизградба на канализационите краци во општината, а комуналното претпријатие ќе добие нова современа опрема.


Јан 5, 2016

Климатските услови во нашата земја, посебно на  Националниот Парк Галичица не дозволуваат изградба на Ски центар на ова планина, сметаат граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации.


Сеп 16, 2009

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство, откако во драматичен меч загуби од европскиот првак Русија со 71:69.


Ное 17, 2021

Кина го изолира вирусот и го идентификува како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со Светската здравствена организација. Веб-страницата на Американската национална библиотека за медицина, го објави целосниот геном од изолираниот вирус, земен во раните фази, како и неговата обновена верзија. Во научен труд во детали се објаснува како САРС-КоВ-2 е изолиран и колку е есенцијално ова изолирање за тестовите и за вакцините кои подоцна се појавија.


Јан 5, 2016

Утре е Бадник. Овој празник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, некои од нив се одржале до денес.


Јул 16, 2021

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со театарската претстава „History of Мother Fuckers“ според „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Андраш Урбан, а во изведба на Народниот театар од Битола.


Јан 5, 2016

Се поголем е бројот на приватни станоиздавачи од мал обем кои се субвенционирани од Локалната.  Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани добиваат повратни средства 50% од уплатената туристичка такса. Во програмата за 2016та предвидени се 400 000 ден. за субвенционирање на приватните станоиздавачи.


Јан 4, 2016

Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако деновиве не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку е потребно да интервенираат на терен. Снегот кој вчера наврна направи проблеми на планинските превои, па имаше застој во сообраќајот на Пресека. Денес нема никакви  проблеми на патиштаат низ државава, а од Македонија пат велат дека екипите се постојано на терен.