Skip to main content
Фев 7, 2013

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сарачини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок.


Мар 2, 2016

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Опозиционерите реагираат дека општината  не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Секретарот на општината, Димитар Спасески кажа дека овие средства се издвоени во согласност со измените на програмата и оти точно се знае што ќе се прави со нив.


Апр 13, 2011

Десет години после Рамковниот договор, експертите со став, потребно е уште време за подобрување на меѓурелигиските односи кај нас.


Мар 2, 2016

Приведени четири државјани на Романија, под сомнение дека извршиле кражба во златара во Охрид. Тие синоќа не успеаа со пленот да ја поминат македонско српската граница на граничниот премин Табановце.


Окт 5, 2009

Во дербито на Премиер лигата одиграно во Лондон екипата на Роман Абрамович му нанесе пораз на Ливерпул со 2:0.


Ное 14, 2021

Најмалку 68 затвореници се убиени во нови брутални судири во затвор во Еквадор. Немирите во затворот Литорал во градот Гвајакил наводно започнале во петокот вечерта, а полициските тактички единици кои влегле во затворските згради пронашле оружје, експлозиви и сечила, јавува Би-Би-Си.


Мар 2, 2016

Изгоре електричната табла во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Пожарот бил изгаснат веднаш благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица. Причинета е само материјална штета, информираат од училиштето.


Јул 21, 2021

За да се зачуваат важни културни и историски документи архивистите соработуваат со семејствата и прават фондови во дигитализирана форма. Во историскиот архив на Охрид се преземени пет лични фондови кои содржат значајни материјали.


Мар 2, 2016

Ви претставуваме уште една од убавините карактеристични за нашиов град, птицата опеана во песните за Охрид,неизоставниот декор на охридскиот кеј, галебот.