Впечатлив настап на младите и талентирани уметници Петрески и Хаџиевски
Во црквата „Света Софија“ синоќа се одржа концерт во рамките на проектот „Подиум на млади“ на „Охридско лето“. Пред фестивалската публика настапија младите уметници, обоистот Андреј Петрески од Република Северна Македонија и пијанистот Александар Хаџиевски од Република Србија.
Голем интерес за Еразмус + кај студентите од ФТУ
Студентите од факултетот за туризам и угостителство покажуваат се поголем интерес за користење на Еразмус плус програмата мобилност. Во моментов таа можност ја користат 6 – мина студенти. Интенција на ФТУ е што повеќе студенти да го искористат максимумот за престој на некој од странските универзитетети за да стекнат што повеќе искуство.
Маалските дуќанчиња во целост не го почитуваат Законот за алкохолни пијалоци
Малите продавници и маалските дуќанчиња во целост не го почитуваат Законот за алкохолни пијалоци. Кај нив може да се затекнат отворени фрижидери со алкохолни пијалоци и после 19часот. Има одредени продавници каде се продава алкохол без лиценца за негова продажба. Општинскиот пазарен инспекторат врши редовни контроли и ги санкционира прекршителите.
Победа на радикалната левица во Грција
Излез од кризата или хаос? Сите очи на Европската унија вперени во Грција
Градоначалникот на Гевгелија бара отворање на нов граничен премин од Грција
Проблемот со мигранската криза не го измисли Гевгелија и нашата земја, но бараме помош од ЗЕЛС за решавање на истиот, истакна гевгелискиот градоначалник Иван Франгов. Тој побара отварање на нов граничен премин.
Швалерајот предизвикува мигрена
Италијанските научници докажале дека неверството му штети на здравјето. Тоа има негативно влијание и на здравјето на партнерот кој изневерува, но и на изневереното лице.
Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски
Нашата земја од година во година бележи позитивен извештај во делот на децентрализацијата. Претставници, односно градоначалници, заменици градоначалници од 20 земји од светот имаа можност да се запознаат со достигнувањата на нашата земја во делот на децентрализацијата на дванаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Р Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ, кој се одржа денес во Охрид.
Фондот за здравство ги крати парите на граѓаните
Нема нова давачка поврзана со фискалните каси
Управата за јавни приходи најостро ги осудува обидите на одредени политички фигури за дезинформирање на бизнис заедницата и граѓаните за наводно воведување на нова јавна давачка поврзана со ГПРС фискалните апарати.