Голем одрон кај населбата Елен Камен во струшко
Голем одрон на капри го затрупа влезот на населбата Елен Камен во струшко, за среќа нема повредени. Жителите бараат надлежните итно да преземат мерки, бидејќи дел од карпата се уште надвиснува и не се знае кога може да падне и да ги повреди минувачите на овој потег.
Се конзервираат фреските во Св. Богородица Перивлепта
Фреските во Св. Богородица Перивлепта полека ама сигурно го добиваат својот некогашен сјај. Десетина конзерватори од земјава и двајца експерти од УНЕСКО секојдневно работат на овој сложен проект. Ќе се прави и конакот на црквата, а целиот проект треба да заврши до наредната година.
Тепачка во Градиште, нарушен јавен ред во казино-СВР БИЛТЕН
Нарушен јавниот ред и мир во казино во Охрид, тепачка во автокампот „Градиште“, помор на риба во рибник кај месноста Речица. Погледнете го најновиот СВР Билтен.
Охридскиот центар за култура има потреба од нови простории
Центарот за култура Григор Прличев има потреба од поголем простор. Се чека одговор за решавање на потребите од нова театарска сала и галериски простор. Потреба има и од поекономично затолувње на објектот во зимските месеци. На потег е ресорното министерство за култура со избор на начинот на решавање на проблемот дали ќе се прошири, догради или ќе се изгради нов објект.
Булеварот „Туристичка“ во лоша состојба
Главната сообраќајна артерија на Охрид булеварот „Туристичка“, со тротоари во лоша состојба, дупки и крпеници од бекатонки и асфалт. Охриѓани, од градската власт или од надлежните за оваа сообраќајница, бараат квалитетна санација на овој прометен пат, пред се, заради заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Дивеењето на швајцарскиот франк ги изнесе Полјаците на улица
Граѓаните на протести во Краков, Гдањск, Вроцлав и Варшава
Турски студент во Струга фатен со марихуана
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.
Среќата по 45-тата почнува
И покрај мислењето дека луѓето со стареењето стануваат мрзеливи, најновото истражување на Универзитетот „Ворвик“ покажува дека луѓето по 45-тата година се чувствуваат посреќни.
Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“
Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот.