Семејството Илбер засега останува во својот дом
Семејството Илбер кое требаше деновиве да биде иселено од бараката во која живее веќе петнаесет години, а за што ТВМ во неколку навратти информираше, засега останува во својот дом. Директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести, но додава дека ова е само привремено и дека треба да се изнајде целосно решение за овој проблем.
Посебни мерки за натпреварот Македонија – Шпанија
Мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување се воведени во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија што ќе се одигра утре вечер.
Две лица од Камерун со милион лажни евра сакале да влезат во Македонија
Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознаваме од извори на истрагата.
Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци
Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци
78-годишен Охриѓанец загина кај Свети Еразмо
78-годишен охриѓанец го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера пред манастирот Св. Еразмо.
Паднаа и прилепчани
Охридските ракометари викендов забележаа уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.
Неопходни се синдикални здруженија во приватниот сектор
Голема е потребата од синдикални здруженија во приватниот сектор. Така би се ставил крај на тортурата на работниците во приватниот сектор и би се обезбедиле нивните права. Актуелниот лидер на Синдикатот на хемија неметали и метали Зоран Мироноски, смета дека Сојузот на синдикати и останатите конфедерации на синдикати или Владата мора да биде партнер со синдикатот, за да може нешто да се смени, инаку работниците би биле оставени на цедило.
Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи
Шестмина скијачи кои исчезнаа во Алпите се пронајдени мртви
Згрижување на преостанатите стотина вработени во ЕМО во некои од државните компании – побараа од синдикатот
Од таму уште еднаш потсетија на барањата за исплата на заостанатите плати и придонеси кои според нив се приоритетни бидејќи голем број од вработените не можат да се лекуваат поради немањето здравствено осигурување, ниту пак да обезбедуваат егзистенција.