Skip to main content
Јул 31, 2009

Групата „Ал Каеда Индонезија“ ја презеде одговорноста за нападите во хотел во Индонезија, додавајќи дека главна цел им била фудбалската екипа на Манчестер Јунајтед.


Окт 15, 2021

Димче Шипинкароски, кандидат за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, ја бара поддршката од своите сограѓани ветувајќи реализација на значајни проекти. За него е приоритетен проблемот за решавање на водоснабдувањето на жителите од струшкиот регион. Меѓу проектите ги наведува и изградбата на катна гаража и детска градинка.


Сеп 24, 2015

Еко хотели, кафетерии кои организираат дружења за социјално загрозените семејства, хотели кои го рециклираат отпадот и неискористената храна ја даваат на бездомниците. Младите претриемачи од Охрид и Струга презентираа дел од нивните бизнис идеи. Освен што се потрудија да креираат профитабилни бизниси, тие своите идеи ги втемелија на принципот на општествена одговорност.


Јул 7, 2021

Фантастични откритија во рамки на Проектот „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, кој беше реализиран во текот на месеците мај и јуни.


Сеп 24, 2015

На црна темница пред нивните домови се жалат граѓани од стар град.  Досега нема улично осветлување иако пред месец и половина побарале од фондот за комунални дејност  замена на прегорените светилки. Од секторот за комунални дејности,  пак тврдат дека на нивната листа на чекање подолго време  нема такви локации. Се пофалија дека по потпишувањето на договорт со чешката фирма за одржување на јавното осветлување се работи на замена на постојните  со подобри лед  светилки.


Сеп 24, 2015

Околу 600 муслимански семејства од Охрид  денес ќе имаат богата празнична трпеза, за големиот муслимански празник Курбан – Бајрам. И годинава традиционално, фондацијата Атлас од Охрид, ја  организираше древната традиција на ритуалот на принесување жртва за големиот празник. Курбан-бајра секогаш е дополнителен повод муслиманите да извршуваат добри дела. Традиционално се оди на посета кај роднините и најблиските пријатели, при што се даваат дарови и се донира за сиромашните.


Јан 15, 2015

Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia


Сеп 23, 2015

Мала марина, но голема дискусија. Информацијата за физибилити студија за оправданост од воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување со „мала марина“ на локација мало пристаниште во Охрид, предизвика лавина од реакции во градскиот совет. Реагираа опозиционерите, ама и некои од позицијата.   Сметаат дека со изградба на марина на овој простор се загрозува животната средина, се деградира просторот и се губи автентичноста на Охрид. За градионачалникот овие забелешки се само политичко поентирање и ништо повеќе.


Мар 1, 2012

Спортувањето, танцувањето, фитнесот или некој друг вид на физичка активност, го зголемува нивото на возбуда и ентузијазам, покажува новото истражување објавено во списанието Sport and Exercise Psychology.