Пронајдено возилото и дел од накитот од оружениот грабеж во Струга
Пронајден е дел од накитот и возилото на разбојниците кои синоќа ограбија златара во струшката чаршија. Полицијата сеуште трага по сторителите кои добро маскирани и вооружани при грабежот повредија тројца стружани.
ГРАЃАНИТЕ СО СВОИ ПРЕДЛОЗИ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ИЗГЛЕДОТ НА КЕЈ-МАКЕДОНИЈА
Во склоп на проектната документација за проектот за “Реконструкција на “Кеј Македонија“ – Охрид“, подготвена е Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за истиот проект.
Томи Хас го „преслуша“ Ноле
Новак Ѓоковиќ го одигра најлошиот натпревар во кариерата и загуби во 4. коло на турнирот во Мајами од Томи Хас со 2-6, 4-6.
Православните христијани денеска го слават Богојавление-Водици
Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.
ИНИЦИРАНА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И КОПЕР
Вршителот на дожност градоначалник Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски денеска имаа средба со проф. д-р Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот ректорски кабинет
Пецаков: Пред охриѓани се обврзуваме на реконструкција на плоштадите ,,Крушевска Република“ и „Св. Климент Охридски“
Развој и урбанизација согласно закон и не на штета на на архитектонската препознатливост и посебност на Охрид признаени од УНЕСКО, порача на денешната прес конференција Кирил Пецаков. Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ најави реконструкција на плоштадите Крушевска Република и Св Климент Охридски.
РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник
Последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата РК Охрид ќе го одигра против Еурофарм Работник утре со почеток во 19 часот. Теоретски охридскиот ракометен клуб има шански за плеј оф, доколку приредат сензација против силниот Еурофарм.
Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение
На малиот плоштад, на државно земјиште, веднаш до Чинарот, од викендов се руши летна тераса ,се исече иглолисно дрво, без никакво одобрение а настрадале и гранки од илјадалетното дрво споменик на природата. Се подготвува терен за дивоградба а допрва надлежните инспекциски органи ќе утврдуваат што се случува и ќе постапуваат.