Започна исплатата на септемвриските пензии
Започна исплатата на септемвриските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.
ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот
Олга Прличева му подари на училиштето досега необјавена поема од нејзиниот дедо. На свеченостa беа врачени наградите за најдобрите поетски и ликовни остварувања на основците од ова училиште.
Потпишан протоколот за влез на Македонија во НАТО Алијансата
Ова е историски чин, неколкупати нотираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на потпишувањето на протоколот за влез на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на протоколот од земјите членки, Северна Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО.
Тајните на Охрид: Лебедот
Фатен од објективот на Ѓоко Симјаноски во сета своја убавина, денес ви ја претставауваме една од најубавите тајни на Охрид, лебедот.
Остри реакции од Здружението „Стар Лагадин“
„Со вчудоневиденост и индигнација ја проследивме јавната вербална комуникација на премиерот Заев со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин на организираниот настан во Охрид „Силна економија – шанса за сите“ со која сметаме дека тој отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија. Видовме и слушнавме како премиерот му ветува на „чичко Никола“, со кого си разменувале приватни смс-пораки, дека тој лично ќе се погрижел градбата на неговиот криминален хотел непречено да продолжи“, стои во соопштението на Здружение за заштита и зачувување на интегритетот на село Лагадин – “СТАР ЛАГАДИН” – Скопје.
Од Facebook тврдат – телефонските броеви ќе заминат во историјата
“Користењето на телефонските броеви денес станува бесмислено”
Професионална соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи
Универзитетска Клиника за кардиологија Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести – Охрид, започнаа активна соработка со цел меѓусебно развивање во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на пациентите.
Во зградата на Владата било пукано од ракетен фрлач РПГ?
Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип на оружје, оти со него не може да управува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војнициво врска со понеделничкиот инцидент кога два проектили завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува „Утрински весник“.