Фекалната канализација проблем во центарот на Охрид
Во строгиот центар во Охрид, во близина на чинарот утрово се прелеваше шахта, од која се ширеше неподнослива реа. Екипите на ЈП „Нискоградба“ информираат дека веќе го санирале дефектот.
Министерот Јакупи ќе се заложи за Радожда
Охридските пензионери денес славеа
Значаен јубилеј 65 години од постоњето, денес одбележаа охридските пензионери. По тој повод тие во големата општинаска сала одржаа пригодна свеченост, со богата програма. На свеченста присуствуваа гости од Србија и Бугарија како и гости од ЗП на соседна Струга.
Сите сакаат во Реал
Според дневниот француски весник „Л Екип“, Франк Рибери сака да замине од Баерн Минхен, но би го облекол само дресот на Реал Мадрид.
Нема графен оксид во вакцините против ковид
Не е вистина дека вакцините против ковид содржат состојка графен оксид. Овој материјал не е наведен во составот на ниту една вакцина, самата компанија „Фајзер“ го негира неговото присуство во вакцината, а истражувањето посочено како извор во постот, е некредибилно и од него се дистанцира универзитетот Алмериа во Шпанија. Оваа дезинформација е побиена повеќепати досега, но сепак таа и натаму се шири на интернет просторот.
„Здравје за сите“ во Охрид
Околу стотина граѓани на Охрид, но и холандски туристи, на плоштадот Крушевска Република, го измерија крвниот притисок, нивото на шеќер и холестерол во крвта. Медицинските тимови велат дека се задоволни од одзивот на граѓаните.
„Охридски комуналец“ ги повикува на соработка полицијата и комуналните редари да ги спроведуваат надлежностите од Законот за јавна чистота
Иако, службите на Комуналец работат деноноќно на подигање кабаст, зелен отпад и градежен шут во сите делови на градот, не можат да се справат со хигиената во јавната чистота од несосвесните граѓани и сопственици на викенд станови. До ТВМ секојдневно пристигнуваат слики од кои се гледа граѓанската некултура и ниската еколошка свест.
Бакрачески со охриѓани на кафе во Летница
Локалната самоуправа се потранспарентна за граѓаните. Денес Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со неговиот тим организираа средба со охриѓани кај некогашна Летница. Граѓаните можеа да си ги кажат своите проблеми на еден спонтан и непосреден начин.
Секторот за урбанизам „пишман аџија“ за урбаната опрема на „Коста Абраш“
Тротоарите покрај самиот кеј на езерото на улицата „Коста Абраш“ и оваа летна туристичка сезона окупирани со маси и столици.