Авг 27, 2024
Со силата на мислата и волјата сѐ е возможно, порача 70-годишниот Петков по успешниот подвиг во Охрид
Човекот амфибија, седумдесет годишниот Јане Петков од Бугарија, успешно го заврши подвигот во Охридското езеро. Тој денеска врзан со лисици, со тег околу вратот потопен на дното од езерото во вреќа, успеа да се ослободи и да излезе на површината. Настанот кој на плажата Сарајште со голем интерес го следеа охриѓани и туристите, е во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода а во организација на Црвен Крст Охрид.
Авг 27, 2024
Ти Си Твојот Град
„Блесна“ бесправната градба на ул. Димитар Влахов
Основното јавно обвинителство Охрид за овој објект на 27 ноември минатата година поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Бесправно градење по чл.244- а став 1 од Кривичниот законик.
Авг 27, 2024
свр билтен
СВР Билтен: жител на Велгошти физички нападнат на бул.„Туристичка“
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Авг 27, 2024
црвен крст охрид
Јане Петков во просториите на Црвен крст Охрид одржа предавање за неверојатните можности на човечкиот дух
Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото, информираат од Црвен крст Охрид.
Авг 27, 2024
АХВ уништи небезбедно мелено месо од месара во Охрид
На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност.
Авг 27, 2024
струшки вечери на поезијата
Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“
Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.
Авг 27, 2024
Денес Јане Петков врзан и потопен на дното на езерото ќе се обиде да се ослободи и да излезе на површината без никакви помагала
Ова ќе биде втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-медицински настан за Гинисов рекорд, Црвен крст Охрид го организира на 10.09.2013 година, кога Јане Петков препливува растојание поголемо од 2 км. во Охридското Езеро, од плажата Орце Николов до Градското пристаниште во Охрид, целосно врзан во вреќа.
Авг 27, 2024
ухмр
Сончево и топло со температури до 30 степени
Температурите ќе се движат во интервал од 14 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.
Авг 26, 2024
Реновиран објект и подобрени услови за хемодијализа во ЈЗУ Нефрологија – Струга
Министерот Перински во посета на ЈЗУ Нефрологија – Струга.