Блекбурн потпиша договор со осумгодишно девојче
Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19
Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Факт е дека вакцината штити од разболување со коронавирусот, од тешки хоспитализации и смртен исход, а тоа го покажува и статистиката во Македонија.
ЈП „Охридски Комуналец“ во акција за отстранување на гумите за џвакање од охридската чаршија
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
Тетовчанец приведен во Охрид
На 18.09.2021 година во 08,55 часот, во СВР Охрид приведен е В.М.(38) од Тетово кој претходно, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир, со викање и непристојно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници.
Нови корпи за ситен отпад
Eкипите на ”Ј.П. Охридски Комуналец ” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.
Охридските фризери незаинтересирани во дуќаните да примат калфи
Охридските фризери незаинтересирани во дуќаните да примат калфи. Мал е интересот за проектот на Усаид педесет невработени лица од Охрид, Битола и Прилеп да бидат ангажирни како калфи кои понатака би се стекнале со дипломи за фризери. Никој нема одговор зошто нема интерес кај занаетчиите да примат калфи кога со години биле најгласни во барањата за калфи и чираци, велат од Регионалната комора на занаетчии.
Излезе „Црната листа“ на УЈП
Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.
Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна
Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна. Првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона, но статистичките податоци за посетеноста и остварениот туристички промет треба да ги почекаме, вели охридскиот градоначланик. Во меѓувреме се размислува како да се зголеми туристичкиот промет, но со незголемен број на гости.