„АД Галеб“ Охрид : Нема покачување на цената на билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид
Во врска со вчерашната информација во некои од медиумите дека дошло до драстично зголемување на цената на возниот билет на релација Охрид-Скопје, реакција од „АД Галеб“ Охрид.
На Сараиште ќе биде отворен петдневен Базар на ракотворби
На Сараиште ќе биде отворен петдневен Базар на ракотворби. Ќе излагаат локални занаетчии, изработувачи на ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе се продаваат најразлични сувенири на иницијатива на охридскиот Завод и Музеј. Годинешниот пилот проект се очекува во иднина на Сараиште да ги донесе македонските занаетчии изработувачи на ракотворби.
10 новозаболени, 1 оздравено и 1 починато лице во Охрид
Во текот на последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, при што се регистрирани 557 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Започна прославувањето на Курбан Бајрам
Нашите сограѓани со муслиманска вероисповед со утринска молитва бајрам намаз, го започнаа прославувањето на гопемиот празник Курбан Бајрам. Тоа е празник на жртвата и приближување кон Бога, при што побогатите им помагаат на посиромашните. На обичајот на принесување на курбанот присуствуваше и Градоначалникот Јован Стојаноски кој упати честитки за празникот а беше почастен со традиционалната баклава.
По втор пат искршена рампата за влез во Стар град кај Горна Порта
По втор пат искршена рампата за влез во Стар град кај Горна Порта. Со тврд предмет искршен е читачот на картички. Од ЈП Билјанини извори најавуваат дека за два дена рампата повторно ќе биде ставена во функција, а од полицијата бараат да се пронајде вандалот.
Избран новиот состав на ДИК
Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново се тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК, пренесува „Телма“.
Томографот во охридската општа болница повторно во функција
Охриѓани и пациенти од регионов повторно добиваат компјутерска рендген дијагностика на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Проработе томографот кој цела година беше нефункционален поради потребата од нова рендгенска цевка.
Милионер близок на Путин пронајден мртов
Лесин ја финансираше Russia Today која го поддржува Путин