ОК НА ВМРО ДПМНЕ:Со кое право Заев се фали со проект на ВМРО ДПМНЕ
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ одржа пресс конференција поради свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Тие потсетија дека тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено се горди како партија, но исто така потсетија и дека кога отпочнува проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа.
Хулигани во Косово го запалија македонското знаме
Изгаснат пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, најмалку 13 повредени
Голем пожар денеска изби во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе беа заробени на кровот од зградата.
Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид
Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид. Во нејзина близина поставени темели и на нов трговски центар на површина од 8 илјади метри квадратни. Премиерот Зоран Заев го поздрави потегот на македонските инвеститори да учествуваат во изградба на нови објекти кои ќе допринесат за поквалитетен живот на граѓаните.
Хортикултурно се уредува тротоарот на „Јане Сандански“
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
Граѓански активисти повторно го кренаа гласот против неконтролираната урбанизација и девастација на Охрид и крајбрежјето
Со транспаренти, со тропање на буриња, маскирани со перики, активисти на неколку граѓански здруженија изведоа уметнички перформанс пред општина Охрид барајќи итно спроведување на препораката на Реактивната мисија на УНЕСКО, прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации сè додека не се изработат сите релевантни плански документи.
Во охридската населба Кошишта спречен пожар од поголеми размери
На улицата Вардарска утрово со брза интервенција охридските пожарникари спречија пожар од поголеми размери. За среќа е опожарена само една соба со покуќнина.
Груевски утре пред анкетната комисија
Груевски, Ставревски, Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски по овој редослед треба да се појават пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.