Охридските мајстори го одбележаа 3 јуни Денот на занаетчиите
Охридските мајстори го одбележаа 3 јуни Денот на занаетчиите.
Охридските занаетчии свечено го одбележаа 3 јуни. Врвни охридски, познати мајстори саатчии, молери, фризери, опинчари, електроничари, шнајдери, ковачи, чевлари, бисерџии го одбележаа својот празник, кој за прв пат се одбележува на овој датум. Вредните мајстори кои со својот труд придонесуваат за развој на занаетчиска дејност во градот се задоволни од работата на раководството на регионалната занаетчиска комора. Грижата за презентација на нашите просиводи во јавноста е евидентна и таа за нас знаетчиите е највжана вели познатиот охридски бисерџија Климент Талев. За подобра работа на комората Талев повикува на самодисциплина на нејзините членови.
„ Доколку занаетчиите сакаат да ги уживаат правата кои ги нуди комората и државата без плаќање на членарина тоа е невозможно. Наназад години неможевме да направиме ниедна манифестација немаше финански средства сега е подобрено и нешто се презема. Во иднина со дисциплина и редовно плаќање на членарина од 1800 денари годишно што не е многу за еден занаетчија ќе се постигнат и повеќе поволности.“
Сашо Богоески, претседател на Регионалната занаетчиска комора вели дека занаетчиите имаат проблеми, но тие се решаваат етапно. Потсети на повеќе успешни олеснувања во работата на занаетчиите, како што се намалувањето на голем број комунални давачки, зголемено учество на занаетчиите на манифестации. Во моментов ги загрижува податокот што во првите 5 месеци од оваа година нема упис на нити еден нов занаетчија, но со проектите на УНДП и Агенцијата за вработување очекуваат промени. Целта на комората на занaетчии е да го продолжи векот на занаетчиските дејности.
„
Став на Министерството за економија е дека дел од занаетите се изумрени, а дел се во изумирање. Мора да водиме сметка за постоечките активни занаети и наша цел е да ги афирмираме. Факт е дека сите млади не можат да бидат со високо образование. Наша цел е на занаетчиство да ги поттикнеме младите да се занимаваат со дејности за да се наследат претходните генерации, доаените на охридското занаетчиство. “
За досегашната афирмација на занаетчиската дејност благодарници добија повеќемина занетчии кои оставиле свој белег во занаечиската дејност. Богоески се заблагодари на пензионираните занаетчии за 30 , 40 и 50 години вложениот макотрпен труд поминат во работилниците и дуќаните.
{loadposition content9}
Активности на ЈП „Нискоградба“ во Лакочереј
ЈП „НИСКОГРАДБА ОХРИД“- Охрид, извршува градежни активности во село Д.Лакочереј,се изведуваат премини со поставување на цевки за пренос на флуиди преку главниот пат.
На Јапонија и треба спас-од крадачки како Лејди Гага
Основците од „Кочо Рацин“ активни учесници во проектот „Дијалог на културите“
Пет првоодделенци од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид Андреј Јованчев, Анабела Стефаноска, Наталија Димоска, Сандра Настоска, и Стефанија Алачкоска освоија сертификати за активни учесници на Меѓународниот интернет проект „Дијалог на културите 2014“ од Русија во категоријата на Акции во група од 71 земја учесник.
Земјоделството и туризмот во Македонија привлечни за Казакстан и Азербеџан
СВР Охрид откри мини расадник за марихуана
Педесет и една садници од растението Канабис сатива пронајдоа и одзедоа оперативците при акција на СВР Охрид реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на први јуни оваа година. Притоа, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени А.Н.(27) и М.П. (19) двајцата од Охрид.
Ќе има ли чисти сметки во струшкото Комунално?
На Охрид му треба подобро претставување на саемите
На Охрид му е подребно подобро претставување на саемите. Ова е само еден од заклучоците кои произлегоа од денешната работна посета на првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, најави поинтензивна соработка со Агенцијата како би се раздвижиле активностите во градов на полето на развојот на туризмот.
Македонија eдинаесетта
Машката ракометна репрезентација која настапуваше на Светското првенство во Хрватска со победата над Кореа од 32:31 го освои 11 место.