Skip to main content
Авг 14, 2025
До маркетите ширум државава се дистрибуираат ознаките за домашни земјоделски производи и нивни преработки во Кампањата „Македонско најдобро – нашата традиција, наша гордост“. Се подготвува и дигитална платформа и мобилна апликација преку кои граѓаните ќе можат да се информираат кои производи им се достапни најблиску до нив и по кои цени. Целта е да се направат домашните земјоделски производи повидливи за купувачите и со нивно купување да се зајакне домашното земјоделско производство.

Авг 14, 2025
Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, со цел во времетраењето уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

Авг 13, 2025
Охрид од 16 до 30 август ќе биде центар на водените спортови, забавата и еколошка едукација во рамки на третото издание на Ohrid water festival. Охридскиот фестивал на водени спортови и годинава ќе понуди богата програма со возбудливи спортски настани, славење и промоција на убавините на Охридското езеро и забава во која ќе уживаат охриѓани и гостите од сите генерации.

кампања за органодарителство на здружението Храбро срце
Авг 13, 2025
Стружанецот Васко Јолески пет години живее со механичка пумпа на срце и чека трансплантација. Во земјава досега не е извршена ниту една трансплантација кај пациенти со циркулаторна потпора, но повеќе од една година не е извршени трансплантација на срце воопшто. Пациентите бараат надлежните да се заложат и да дадат жанса за живот на 30 тината млади лица на листата на чекање.

Авг 13, 2025
Книгата „Охридска урбана иконографија“, во издание на Општина Охрид, е објавена во тираж од 150 примероци.

Авг 13, 2025
Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Авг 13, 2025
Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на Емилио Перцан и Тамила Гулиева.

парк
Авг 13, 2025
Паневропската комисија за клима и здравје предупредува дека екстремните горештини и топлотни бранови не се само климатска закана туку здравствена криза.