Skip to main content
Ное 30, 2011

Охридско лето преку цела година, задржување на  рејтингот на фестивалот како и подигнување на имиџот во светски рамки, потпишување на договори со врвни светски фестивали и уметници, се дел од плановите на новиот директор на фестивалот Васко Василески.


Ное 29, 2011

Градоначалникот Александар Петрески ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески годинава ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите 12  номинации.


Јан 21, 2011

Сосема нормално е да се заборават клучеви на маса, датум на роденден или нешто слично меѓутоа досега сигурно никој нема чуено човек да заборави дека поседува Порше. Тоа му се случи на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Арсенал и Сарагоса, Пенант сега член на Стоук.


Окт 10, 2021

„Дворот на Р.Е. Механизација од Ј.П. Охридки Комуналец што се наоѓа на ул. Асном наликува на депонија и се шири непријатна миризба во цел тој дел од градот“, – вели Огнен Шешоски за „Ти си твојот град“.


Ное 29, 2011

Соработка во областа на медицината меѓу Македонија и Шведска. Оваа соработка веќе резултира со донација на две комплет опремени амбулантски возила, за потребите  на Центарот за кардиоваскуларни заболувања но и за останатите медицински установи во Охрид.


Дек 16, 2017

Проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охридската чаршија ќе се стопира, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Министерот рече дека мора прво да се смират тензиите и да биде испочитувана законската процедура, со што судбината на Али Пашината џамија би била вратена во рамките на она што го нуди законот.


Ное 29, 2011

Охриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на  периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација.


Сеп 2, 2021

Утринската роса го локализира пожарот на Галичица, но опасноста сеуште постои, информираат тимовите на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, кои од рано утрово патролираат долж граничната линија.