Сеп 10, 2011
„Чекор по чекор“ уште 5 месеци
Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID, финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „Чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ.
Окт 30, 2010
Продолжуваат ракометните квалификации, Македонија гостува во Сараево
Македонската ракометна репрезентација утре против Босна и Херцеговина со почеток од 20 часот го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Србија.
Ное 27, 2021
Две лица нападнале стружанец и му го одзеле возилото
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ј.(34) од Прилеп и И.У.(40) од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда” и „одземање моторно возило”.
Сеп 10, 2011
Моторџиите го преплавија Охрид
Мотористи од Македонија, Балканот и цела Европа по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, на ревијално рели низ земјата. Заедно со Република Македонија, и ова рели слави свој 20 годишен јубилеј. Веќе се извозени две етапи од релито, а останува уште третата и последна етапа со што ќе се заокружи овогодинешното издание на мото-релито.
Ное 8, 2017
ТА „Тика“ планира изградба на училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“
Турската агенција Тика планира изградба на нова училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“. Иницијативата е на неколку граѓани. Градоначалникот Стојаноски оствари средба со претставници од „Тика“ и им ги презентира потребните документи.
Сеп 10, 2011
Загина сопатник на мотор, во Пештани
27 годишниот Марко Кабранов, синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна незгода. Немилиот настан се случил на влезот на Пештани на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.
Авг 30, 2021
Повторно инспекција на Буково и глоби за Охридски Комуналец
Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково.
Сеп 9, 2011
О.У „Братство Единство“, пред избор на директор
За еден месец отпочнува трката за директорската позиција на О.У. „Братство Единство“, Охрид. Охридската чаршија веќе шпекулира за името на идниот директор.