Јун 16, 2011
Уништени запленетите рибарски мрежи
Вкупно 1440 рибарски мрежи запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција.
Јун 16, 2011
Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога
Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.
Јун 4, 2010
Неизвесен настапот на САД на Мундобаскетот во Турција?
Поради големите тензии на Блискиот исток, крвавиот инцидент со хуманитарците во кои беа инволвирани израелските специјалци, а и млаката реакција на САД, можно е кошаркарската селекција да не настапи на СП во Турција.
Авг 27, 2021
СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДОСНАБУВАЊЕТО ВО ПОДМОЉЕ
Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље. Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето кој со години го имаат жителите на ова населено место.
Јун 15, 2011
Финишираат подготовките за фестивалот на францускиот филм
Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски.
Сеп 26, 2017
Охрид сеуште без современа градска библиотека
Што се случи со изградбата на современа градска библиотека. И после три години од започнувањето на реализацијата на овој проект, градов сеуште е покус за вакво здание во кое љубителите на книгата ќе можат да читаат и да се едуцираат. Охриѓани се желни за современа градска библиотека. Чекаат надлежните да кажат што се прави на овој план.
Јун 15, 2011
Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли
Додека дел од Европските земји се справуваат со заканата од оваа смртоносна бактерија, Македонија мирна. Опасност од бактеријата нема. Сепак цената на зеленчукот нагло се намали за само месец дена. Дали причината е стравот од бактеријата или нешто друго?
Мај 31, 2021
Во авионска несреќа загина Тарзан
58-годишнот актер Џо Лара познат по својата улога на Тарзан, и неговата 66-годишна сопруга, загинале во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил.