Skip to main content
Сеп 25, 2017

Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ и коалицијата во изборната кампањa најави  создавање на еднакви можности за сите граѓани. Со поддршка на граѓаните ветува  подобрување  на локалната економија  и екологија, вработување на младите со обезбедување на владина помош за малите и средните претпријатија. 


Јун 13, 2011

Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори.


Јул 24, 2012

Кој сака да отвори каменолом, нека повели во Лабуништа. Оваа порака доаѓа од народните избраници од струшкото село Лабуништа, кои беа максимално револтирани од одговорот на надлежните во врска состојбата со каменоломите, дека наводно таа не била загрижувачка.


Јун 11, 2011

Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до  село Радожда


Сеп 25, 2017

 Охриѓани и стружани не знаат каков воздух дишат. Засега никој не го мери квалитетот на амбиентниот  воздух. Министерството за животна средина во овие два града нема мерни станици, а не мери  ни Управата за метеоролошки работи.


Јун 11, 2011

Статичните велосипеди во холандскиот парк, стануваат се помалку корисни. Се чини вандализмот не успеал да ги одбегне. Првично поставени како атракција и нов начин на рекреирање, сега статичните велосипеди изгледа ја губат својата функција.


Јун 11, 2011

Во сеќавањата кај помладите генерации го нема, а повозрасните охриѓани пак со носталгија коментираат, за греота и срамота да немало барем еден чун.


Јун 4, 2010

Новоформираниот конзорциум составен од локални фирми го откупи поранешниот холандски првак Аз Алкмар, кој во изминатава сезона дебитираше и во Лигата на шампионите за само едно евро.