Мај 27, 2024
Универзитетите на Балканот мора да се поврзат во еден вид сојуз бидејќи тие се значaен ресурс кој мора да се развива
Високообразовните институции на Балканот мора да се поврзат во еден вид на сојуз бидејќи тие се значен ресурс кој мора да се развива и шири, вели Младен Шарчевиќ, советник за образование на српскиот претседател кој беше во Охрид во рамки на проектот за поврзување на универзитетите од регионот. Имаме голем интерес тука во Охрид во сферата на туризмот, здравствениот туризам и планираме воведување нови мастер модели во иднина, посочи Шарчевиќ на саемот за образование на кој на македонските матуранти им беа претставени можностите за студирање во Србија.
Мај 27, 2024
Охридските стрелци повторно на пиедесталот на меѓународниот турнир GRAND PRIX SKOPJE 2024.
На 18-тиот традиционален меѓународен натпревар во гаѓање со огнено оружје –голем калибар, како и малокалибарна пушка со оптички нишан, учество зедоа повеќе од 100-тина стрелци.
Мај 27, 2024
„По стапките на дедо„ – изложба на младата занаетчивка Сара Матоска
„По стапките на дедо„ е мотото на изложбата на младата занаетчивка Сара Матоска, што викендов се одржа во Струга. Таа ги претстави своите креации од филигран и филцана волна.
Мај 27, 2024
Црвен Крст
Крводарителска акција во ЦК Григор Прличев
Под мотото „Секоја капка е важна“, утре 28 мај во период од 10 до 14 часот во просториите на ЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи крводарителска акција.
Мај 27, 2024
Театар
Со претставата “Госпоѓа Министерка”, Народниот Театар од Охрид ќе го прослави 13-тиот роденден
Во понеделник, 3-ти јуни, со претставата “Госпоѓа Министерка”, Народниот театар од Охрид ќе го прослави својот тринаесетти роденден.
Мај 27, 2024
СВР Охрид
Санкционирани 14 мотоциклисти во акциска контрола на СВР Охрид
Девет мотоциклисти во Охриод биле казнети за управување мотоцикл без заштитна кацига.
Мај 27, 2024
Образование
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и годинава најдобри на балканот во роботика
Тимот на ОЕМУЦ го освои првото место на меѓународниот натпревар од областа на електротехника и мехатроника во силна конкуренција од училишта од седум држави.
Мај 27, 2024
СВР Охрид
Граѓаните може да ги подигнат личните документи за кои поднеле барања од 15-ти март до 14-ти мај
Документите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.
Мај 27, 2024
Општина Охрид
Во среда ќе се спроведе дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.