ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид
За 100 те дена на новата локална власт ЛДП и нуди проект за Стариот дел нa Охрид.
Утрово почувствуван земјотрес во Струга и Охрид
Земјотрес, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 (ЕМС-1998) регистриран е денеска во 9 часот и 33 минути во Струга и Охрид, во Дебар и Кичево од III-IV степени, а во останатите места од југозападниот дел на Македонија со интензитет од III степени.
Појавата со питачењето по охридската чаршија е мошне сложен и комплексен проблем
Центарот за социјални работи во координација со МВР постапува при регистрирање на случаи на питачење но тоа е само привремено решение. За лицата кои питачат потребно е системско решение, односно отстранување на причините за појавата преку помош и подобрување на условите за живот на тие лица.
Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе
Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе. Овој страотен настан утрово ги потресе граѓаните на Охрид. Според првичните и неофицијални податоци од направениот увид од страна на командирот на охридската противпожарна служба и екипите на СВР Охрид, причина за пожарот е ќумбето кое во раните утрински часови било употребувано за загревање на просторијата на малото бебенце.
Во училиште цитати од Хитлер
Цитати од Хитлер и Библијата на билборд
МОФ во Охрид
Претставниците на Младинскиот образовен форум деновиве и во Охрид. Продолжуваат со нивната мисија за собирање потписи како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Засега задоволни од одзивот на охриѓани.
Променливото време ги наполни амбулантите
Интерно одделение Охрид бележи зголемен број на пациенти кои се жалат на главоболка, висок крвен притисок и стегање во градите. Овие симптоми најчесто се резултат на променливото време, информира д-р Валентина Милошеска. А пациентите по навика спас бараат на интерно одделение.
Пратениците денес расправаат за предлог-буџетот за 2010 година
Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година.
НУ „Завод и музеј“: Голем дел од културно-историските споменици во градов несоодветно осветлени
Според директорката на оваа институција, пожелно е да се обезбеди осветлување за сите споменици, цркви и значајни објекти, но во тој проект учество да земат и сопствениците на објектите и локалната самоуправа.