Мај 21, 2024
Дуодрамата “За нас почнува живот” во четврток на репертоарот во ЦК “Григор Прличев”- Охрид
Режисерска белешка… маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму горе на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце.
Мај 21, 2024
Летово се очекува десетици илјади Холанѓани да престојуваат во земјава
Во Охрид пристигна првиот лет од Амстердам. Со тур операторот ТУИ слетаа стотина холандски туристи кои ќе одмараат на брегот на Охридското Езеро.
Мај 20, 2024
Ден на пожарникарите
Охрид има една од најекспедитивните и најодговорни противпожарни единици
Денеска во охридската пожарна беше одбележан денот на пожарникарите, хероите на градот. Командирот на единицата, Борко Јанкуловски се заблагодари на своите колеги за нивната пожртвувана работа. Посочи дека во континуитет се вложуваат напори за опремување на единицата и за обновување на возниот парк со противпожарни возила. Неоходно е вработување на млади пожарникари и набавка на противпожарен пловен објект, кој за Охрид како туристички центар е од најголема итност, потенцира командирот.
Мај 20, 2024
Дебрца
Започна уредување на речното корито во с.Белчишта
Општина Дебрца во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации
Мај 20, 2024
Охриѓанецот проф. д-р Љупчо Кеверески се стекна со титулата Академик во Српската Академија за Образование
Академик е врвна титула за еден научен работник, и се доделува само на заслужни професионалци со добро искуство и импресивни резултати во нивната работа.
Мај 20, 2024
Екологија
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти мај 2024 година во Охрид.
Мај 20, 2024
Неопходен е сериозен и сеопфатен пристап кон третманот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања
Состојбата со аутизмот во Македонија е незадоволителна. Нема адекватни центри за дијагностика, за рехабилитација, нема Национален регистар, ниту Национална стратегија за оваа група на граѓани. Неопходен е сериозен и сеопфатен пристап кон третманот на овие лица, од здравството, образованието, социјалата, со цел да им се овозможи поквалитетен живот.
Мај 17, 2024
Сѐ поголем е бројот на млади лица со висок крвен притисок во охридскиот регион
Охриѓани денеска покажаа голем интерес за бесплатните прегледи и совети од страна на докторите од Кардиолошката болница Св Стефан кои се одвиваа на градскиот кеј а по повод Светскиот ден на хипертензијата.
Мај 17, 2024
ТППЕ Охрид
ТППЕ-Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите со дефиле низ градот
Почетокот на дефилето ќе биде во 11 часот. Пожарникарите упатуваат апел до граѓаните за разбирање.