Јан 30, 2024
Родителите од Струга бараат да се реши статусот на вработените во детските градинки
Родителите бараат решение на проблемот во струшките градинки. Достоинствена плата и вработување за дваесеттината негувателки и воспитувачки кои со години работат за надомест од 10 000 денари без пензиско и здравствено осигурување. Поддршка стигна и од Платформата за родова еднаквост.
Јан 30, 2024
Општина Охрид
Познати резултатите од јавните повици од социјалната сфера
Објавени имињата на граѓаните корисници на еднократната финансиска помош од општината.
Јан 30, 2024
Општина Охрид
Советот на Општина Охрид ја одржа 37-та седница
Советниците дадоа зелено светло за донесување локален акциски план за управување со отпад на општина Охрид за 2024 – 2025 година. Изгласаа план и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на општина Охрид.
Јан 29, 2024
Осум години мајката бара правда за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски
Осум години мајката на убиеното момче Димитар Матилоски, на Новогодишната ноќ во 2016 година во Охрид бара правда. Убиецот – српскиот турист Бојан Угреновиќ, осуден на 16 години затворска казна е на слобода, недостапен за органите на прогонот. Мајката обвинува за низа пропусти во судскиот процес.
Јан 29, 2024
Народен Театар Охрид
Комедијата „Несфатената цивилизација“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
Претходно купените карти за претставата која беше одложена, ќе важат, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Јан 29, 2024
Црвен крст Охрид
Започнаа уписите за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“
Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 03.02.2024 г. (сабота) од 13-15 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
Јан 26, 2024
СВР Охрид
Жена од охридско пријавила во полиција дека двајца малолетници ја допирале нејзината малолетна ќерка
„За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид и јавен обвинител, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.“ – информираат од СВР Охрид.
Јан 26, 2024
Платформа за родова еднаквост: Солидарност со негувателките од Струга
Грижа за добросостојбата и финансиската безбедност на работничките во градинките не е само прашање на правда, туку и клучен чекор кон постигнување родова еднаквост, велат од Платформата за родова еднаквост.
Јан 26, 2024
Општина Охрид
Реконструирана кујната во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
Заедничката инвестиција во овој проект на Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, изнесуваше 3.300.000 денари.