Јан 24, 2024
Општина Дебрца
Повторно ЕВН ги исклучи пумпните станици за водоснабдување во Дебрца
Ова не е прв пат да се исклучи од напојување водоснабдителниот систем во општината. Истото се случи и во месец ноември и предходно во мај минатата година.
Јан 23, 2024
Голем дефект на водоводната мрежа, делови од Охрид без вода
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.
Јан 23, 2024
Вработените со договори на дело во струшките градинки од 01 ви февруари на протест
Од 01 февруари воспитувачките и негователките од струшките градинки, кои со години работат со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување,најавија дека нема да одат на работа доколку не им се реши статусот. Струга ќе се соочи со проблем за згрижување на децата.
Јан 23, 2024
Општина Дебрца
Општина Дебрца утре ќе ја реализира петтата форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“
Петтата форумска сесија ќе се одржи на 24.01.2024 (среда) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Дебрца с. Белчишта.
Јан 23, 2024
Државен завод за статистика
Просечната нето плата во ноември изнесува 38.359 денари
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116,2.
Јан 23, 2024
Општина Охрид
Објавен најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски, „Охридски поети“
Најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски „Охридски Поети“ е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издаде Општина Охрид, а одговорен уредник е Митре Велјаноски.
Јан 23, 2024
Цените на основните прехрамбени производи замрзнати до крај на февруари
Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука и продолжување на мерката.
Јан 23, 2024
УХМР
Сончево со температура до 4 степени
Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Јан 22, 2024
Снегот и ниските температури го отежнуваат сообраќајот
Снежните наноси и ниските температури од викендов го отежнаа сообраќајот. Екипите на Македонија пат и комуналните претрпијатија на терен. Повеќето патни правци во охридско-струшкиот регион се расчистени и проодни, но има остатоци од снег и појава на голомразица. Се препорачува внимателно возење и задолжителна зимска опрема.
