Јан 17, 2024
Со нови подизведувачи ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид
Избрани нови подизведувачи за доизградба на затворениот пливачки базен во Охрид. После цели осум години од започнувањето на проектот, според најновите информации од Агенцијата за спорт и млади базенот треба да биде готов во септември годинава.
Јан 17, 2024
Црвен Крст Охрид
Во петок ќе се реализира традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“
Акцијата во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“
Јан 17, 2024
Богојавление Водици 2024
Охрид се украсува за Богојавленските празнувања
Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат градот и го расчистуваат пристаништето.
Јан 16, 2024
Над 50 здруженија и институции од Македонија и Албанија се здружија против одржување на трка со моторни чамци „F1H2O“ на Охридско Езеро кај Поградец
Трката во Формула 1 на вода со високо-туражни моторни чамци која треба да се одржи во јули на Охридско Езеро кај Поградец, за екологистите и научната фела е акт на насилство со огромни негативни последици врз уникатното езеро кое е светско природно наследство и најголемо жариште на биодиверзитет на светот. Над 50 здруженија и институции од Македонија и Албанија апелираaт до властите на двете земји да се избегне организацијата на трката, а туризмот да се развива преку промовирање на еколошките спортови на вода.
Јан 16, 2024
Повеќе од 300 капачи се пријавиле за скокање по крстот на Водици во Охрид
Повеќе од 300 капачи досега се пријавиле во Дебарско кичевската епархија за да бидат дел од најголемата црковно народна манифестација во земјава. Покрај охриѓани по Светиот крст ќе скокаат и жители на други градови од змејава, а осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе го следат и голем број странски туристи.
Јан 16, 2024
Институт за јавно здравје
Во првата недела од годинава удвоен бројот на заболени од грип
Во Македонија од 01 до 07.01.2024 се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела.
Јан 16, 2024
АРМ
Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата
Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.
Јан 16, 2024
Црвен крст Охрид со препораки и активности за безбедно одбележување на Богојавление-Водици и Денот на рибарите
Медицински тимови на Црвен крст Охрид во четврток на пункт поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.
Јан 15, 2024
Во февруари во Охридскиот регион повторно доаѓа мониторинг мисија на УНЕСКО
Во февруари во Охридскиот регион повторно доаѓа мониторинг мисијата на Унеско. Ќе се проверува до каде е спроведувањето на препораките. Министерката за култура вели поголемиот дел од обврските се на локалните самоуправи.