Skip to main content
Сеп 11, 2024
Жителите на зградата апелираат на итна поправка на велосипедската, но и пешачката патека на овој дел од булеварот, со цел побезбедно движење на учесниците во сообраќајот во строгиот центар на градот.

Сеп 11, 2024
Која било доза од деветте генерички лекови од кој било производител, за пациентите ќе ја покрива Фондот за здравство.

Сеп 11, 2024
Општина Охрид
Целта на посетата беше да се пренесат искуства при спроведување на одржливи практики за управување со отпад, вклучително и ефективно собирање, рециклирање и повторно користење на отпадот, преку воспоставените системи и практики кои се покажаа успешни во шведските општини и региони.  

Сеп 11, 2024
Повеќе од 100 прехранбени производи кои најмногу ги употребуваат граѓените ќе се продаваат по пониска цена. Се прават анализи за воведување есенска потрошувачка кошничка, а премиерот денеска најави дека ќе има и предновогодишно и пролетно намалување на цени на основни продукти. Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување.

Сеп 11, 2024
СВР Охрид
Новите лични документи можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.  Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 18 часот додека во другите градови до 16 часот.

Сеп 11, 2024
Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица ќе биде отворен до 25 септември.

Сеп 11, 2024
Државен завод за статистика
Предвидена е изградба на 161 стан со вкупна корисна површина од 9 891 м2.

Сеп 11, 2024
Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани компании треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи и да ја пријават во дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година. 

Сеп 11, 2024
Се уште нема официјален извештај колкави се материјалните штети од пожарите во НП Галичица. Но, според еколозите  штетите врз животната средина се далекусежни. Потребна е  сериозна подготвовка за справување со климатските промени,  поголема грижа  од страна на државата за заштита на шумите, како  и почесто пошумување.