Skip to main content
Јан 15, 2024
Вевчански карневал
По реакциите на јавноста и Бигорскиот манастир на карневалската интерпретација, каде повеќе василичари влечат  крст изработен од  гајби пиво,  реакција и од василичарите.  Велат маската не ја сквернави верата, Бог ниту Светиот крст. Пораката била исусовите маки на пијаните. Појаснуваат  Карнеалот е пародија, отслик на слободоумноста на Вевчанци и тоа е така со векови. Никој не знае какви маски подготвуваат Василичарите тие се чуваат во потполна тајност.

Јан 15, 2024
Туризам
Охрид има огромен потенцијал за развој на религиски туризам.  Потребна му е промоција за да се смести на светската мапа за ваков специфичен вид на туризам. На тој начин градот ќе биде посетуваат во текот на целата година, што ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона.

Јан 15, 2024
Општина Охрид
Тимот од Општина Охрид го презентира својот проект SEEDS (Student Engaging in Environmental Dedication and Stewardship). 

Јан 12, 2024
Од чисто партиски мотиви се врши притисок врз квалитетниот медицински кадар, кој се помалку го има во Македонија, реагираат од Левица Охрид во врска со информацијата дека се спрема партиско разрешување на д-р Елена Ковачевска Башуроска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан”.

Јан 12, 2024
Државен завод за статистика
Во општините Струга, Дебрца и Вевчани во месец ноември не се издадени одобренија за градење.

Јан 12, 2024
Привршуваат подготовките за големата црковно народна прослава на Богојавление Водици  во Охрид. Денеска се одржа координативен состанок на организациониот одбор на кој присуствуваа претставници на Дебарско-кичевската епархија, општината, јавните претпријатија, СВР Охрид, Капетанија, Брзата помош, Црвен крст и нуркачките клубови.

Јан 12, 2024
УХМР
Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени.

Јан 12, 2024
СВР Охрид
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Јан 12, 2024
Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.