Окт 4, 2025
Црвен крст Охрид
Денес ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ и музичкиот настан Rock And Mob
Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.
Окт 4, 2025
УХМР
Викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури
Во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 12 степени Целзиусови.
Окт 3, 2025
сдсм и коалицијата
Неданоска: Нашата визија е рамномерен развој на сите делови од Охрид, а не само центарот
Планови и проекти за месните заедници „Железничка“, „Лескајца“ и населбата „Радојца Новичиќ “ најави денеска на прес конференција, кандидатката за советничка, од СДСМ и Коалицијата, Лидија Неданоска. Сакаме да обезбедиме достоинствен живот за сите жители на овие населби, затоа што Охрид не е само центарот на градот, порача Неданоска.
Окт 3, 2025
вмро-дпмне и коалицијата
Пецаков: Програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство
Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива, им порача Кирил Пецаков на охриѓани барајќи ја нивната доверба и за следните четири години. На денешната прва прес конференција во изборната кампања, kандидатот за втор градоначалнички мандат од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијатановата изборна програма ја најави како плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство.
Окт 3, 2025
Утре на градскиот плоштад и на кеј ќе има забава, игри и награди во акцијата „За посреќно детство“ во духот на хуманоста и здравите навики
По 17-ти пат градскиот плоштад ќе ги собере сите оние кои сакаат да се дружат, да играат, да бидат хумани и да уживаат во забава годинава надополнета со музички настапи на локални бендови.
Окт 3, 2025
Божиновски: Ја имаме најсилната, најподготвената и најодговорната листа на кандидати за членови на Советот
Божиновски рече дека заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде насочена кон поддршка на 10-те приоритетни проекти за Општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков.
Окт 3, 2025
20 години Балканска алијанса на хотелски асоцијации
Нови авио линии, современи патишта, подобар транспорт, железници, автобуси, за поголема размена на туристи. Ова е пораката на хотелиерите од Балканот, кои денес во Охрид одбележаа 20 години заедништво за унапредување на туризмот. Балканската алијанса на хотелски асоцијации на конференција во Охрид ќе бара начини за надминување на предизвиците.
Окт 3, 2025
СВР Охрид
СВР Охрид: Пожар во пракирано возило, нападната охриѓанка по претходна сообраќајна несреќа
Најнови вести од полицискиот Билтен.
Окт 3, 2025
Црвен крст Охрид
15 години од првиот БРЕИНОБРЕИН час на Балканот и во Македонија
Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.