Skip to main content
Ное 1, 2021

Премиерот Зоран Заев си поднесе оставка од премиерската функција и од партиската позиција – претседател на СДСМ, по поразот во вториот круг на локалните избори. Претходно опозициските партии на локално ниво прогласија победи во мнозинството општини низ земјава каде што се гласаше во втор изборен круг. За поразот на локалните избори одговорноста ја презеде Заев кој на прес конференција изјави дека си поднесува оставка.


Окт 30, 2008

Владата е глува за барањата на работниците велат од ССМ. „Најавените протести се наше уставно право за менување на законските прописи.“


Авг 12, 2016

Од МВР информираат дека вчера, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ при пасошка контрола 39-годишно лице од Албанија, приложило стара патна исправа на која имало стикер од постојана дозвола за престој во Велика Британија.


Окт 30, 2008

Tринасет заврешени, охридски основци не продолжиле во средно училиштe додека децата од селата во Дебрца продолжуваат  образование. Општинскиот инспекторат испратил  писма за средба со родителите.


Авг 4, 2021

Со стихови од најголемите светски автори, со поезија од српски поети, но и од македонските великани Блаже Конески и Анте Поповски проследени со познати мелодии, големиот српски актер Иван Босиљчиќ вчеравечер на „Охридско лето“ го донесе драмскиот проект „Наша вечер во Охрид“.


Окт 29, 2008

Информативни табли ќе има во сите села кои се во рамките на Националниот парк Галичица.


Авг 11, 2016

Патникот на авторот Борче Грозданов Пандур синоќа промовирана пред охриѓани. Оваа книга е збир на настани, средби, анегдоти, сериозни препукувања дури и караници помеѓу авторот и неговиот најголем пријател и сопатник, актерот Васил Шишков.


Окт 29, 2008

Проектот за селектирање на отпадот се спроведува од страна на Jавното претпријатие „Комуналец“, Основното училиште „Григор Прличев“ и Еколошкото друштво „Јагода“ .