Skip to main content
Јун 7, 2016

Реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, влезена е тригодишната програмата за развој на комуналната сфера на територијата на општина Охрид, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. Согласно истата програма за брзо време предвидена била санација на патот, расчистување од тревнатата површина, осветлување, а доколку налагаат условите може да се планира и изградба на повеќенаменско детско игралиште.


Јун 7, 2016

Вчера во полициската станица Охрид, 32-годишна охриѓанка пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот 73-годишен жител на градот извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка.


Апр 5, 2015

Грција можеби послужи како аларм за опасност од рушење на еврозоната


Јун 7, 2016

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9 јуни 2016 година (четврток), во манастирот   „Вознесение Христово – Свети Спас“ – горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Апр 22, 2013

Саудиска Арабија се надева дека ќе му застане на патот на верскиот екстремизам на Ал каеда со тоа што на уапсените терористи ќе им понуди „луксузна рехабилитација“, која вклучува советување, спа-третмани и рекреација во луксузен рехабилитациски центар во Ријад.


Јун 7, 2016

Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице.


Апр 16, 2013

Се очекува Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.


Јун 7, 2016

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид со почеток во 18:30 часот на плоштадот кај „Чинарот“ по 11-ти пат ќе се организира мирен протест на кој граѓаните ќе може да го искажат своето незадоволство од одлуките на власта.